Македонија под снег. Ова ќе донесе големи проблеми при одигрувањето на натпреварите од првото пролетно коло во Првата фудбалска лига. Пролетната полусезона е отворена со денешниот дуел меѓу Академија Пандев и Работнички (0-1) во Струмица, а за утре (14 часот) се закажани уште пет натпревари од 19. коло во македонскиот шампионат.
Во Струга, домашниот тим на Струга Трим Лум треба да го пречека составот на Македонија ЃП, а какви се условите може добро да се види од последниот денешен тренинг на стружани.
Во Кратово исто така условите се снежни, а треба да гостува лидерот Шкендија. Борец ќе го пречека Шкупи, Ренова е домаќин на Беласица, а во „вечното дерби“ силите на арената „Тодор Проески“ треба да ги одмерат Вардар и Пелистер.
Опасноста од повреди на вакви услови е многу поголема, а вардарци речиси и неподготвени влегуваат во првата пролетна првенствена битка.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













