Пишува: Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар во Скопје против селекцијата на Словенија како генерална проверка пред заминувањето на Европското првенство. „Дежелата“ ќе допатува на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 29 мај на генерална проверка пред почетокот на најквалитетниот фудбалски собир на Стариот континент.
Очекувањата се дека дотогаш ќе биде дозволено и присуство на навивачи на трибините, фудбалската репрезентација на Македонија да го наполни нашиот најголем стадион и да биде испратена како што доликува на историскиот прв настап на Европско првенство.
Националниот тим во Букурешт треба да замине на 8 јуни, а пет дена подоцна го игра првиот натпревар на ЕП против селекцијата на Австрија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













