Првото коло по репрезентативната пауза во Првата фудбалска лига ќе се одигра на 31. март (понеделник) со почеток во 15 часот, наместо во недела. Оваа промена е направена бидејќи на 30. март се празнува првиот ден на Рамазан Бајрам. Дополнително, пред почетокот на секој натпревар ќе се оддаде почит со минута молчење за жртвите од трагичниот настан во Кочани.
Главниот фокус на ова коло ќе биде дербито меѓу Пелистер и Вардар, кое ќе се одигра на 29. март (сабота) на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Од Пелистер потврдија дека натпреварот ќе започне во 15 часот, бидејќи нема можност за одигрување во вечерен термин.
Комисијата за натпревари при ФФМ исто така донесе одлука 28-мото коло од Првата лига, поради празникот Велигден (20 април), да се одигра еден ден порано, односно во сабота (19 април).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













