
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, беше многу критичен кон тимот по поразот од Вест Хем со 0-2. Според него, тоа беше уште еден многу слаб настап на „црвените ѓаволи“ оваа сезона. Тој е најзагрижен за настапот на тимот во напад, каде уште еднаш недостигаа голови, а немаше ниту многу шанси пред противничкиот гол.
„Имате голем проблем со постигнување голови, тоа се четири натпревари без гол и не гледам да се создаваат шанси. Во вториот дел не можам да се сетам дека имавме макар и една убава можност да го мачиме противничкиот голман. Во минатото имаше моменти кога еден или двајца од напаѓачите немаа проблеми со самодовербата и постигнуваа голови, но во моментов тоа важи за сите на позицијата напаѓач. Тие не создаваат опасности од никаде. Скот Мектоминај има шест гола и е водечки стрелец. Напаѓачите мора да почнат да ги загрижува противниците – во моментов не се сериозна закана“, смета Сколс.
Тој донекаде застана во одбрана на менаџерот Ерик тен Хаг, велејќи дека проблемот е во играчите кои не ја поседуваат потребната класа.
„Ова е многу разочарувачки. Клубот плати огромни суми за играчи од кои се очекуваше многу повеќе. Тимот може полесно да се брани и да биде цврст. Но, најтешко е да го научиш да постигнува голови. Не можеш да им влезеш во главите на играчите, не можеш да носиш одлуки на теренот, не можеш да додаваш наместо нив, тоа треба да го направат фудбалерите. Во минатото тимот имаше класа, но во моментов тоа сериозно недостасува“, додаде легендата на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
