
Струга Трим Лум во првото пролетно коло „налета“ на Шкендија во Тетово и доживеа пораз, но затоа сака да се искупи веќе на денешниот меч против Брегалница на домашен терен. И гостите загубија на стартот, па ова ќе биде интересен дуел на кој и двете екипи посакуваат успех.
Напаѓачот Емир Скендери најавува офанзивен пристап на стружани и „реванш“ за поразот на првиот дуел во Штип.
„Брегалница е многу добар тим, со добар квалитет, но ние ги знаеме нашите квалитети и мора да одиме на победа. Ќе бидат многу значајни три бода за нас, доколку ја постигнеме целта, бидејќи би биле пред нив на табелата, но и би се реванширале за тој пораз во Штип”, изјави Скендери.
Најинтересниот меч се игра на арената „Тодор Проески“ каде Работнички го пречекува лидерот Шкупи.
Академија Пандев е фаворит на мечот против Скопје во Струмица, а Тиквеш го пречекува Пелистер во Кавадарци.
Ренова мотивирана по триумфот во Штип сака да ја продолжи низата и против Македонија ЃП во Тетово.
Вчера, Шкендија убедливо го совлада Борец на гости со 0-3.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО (14 часот)
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ
ВЧЕРА: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0-3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
