
Поранешниот судија Дејвид Кут, кој во декември беше отпуштен од Асоцијацијата на професионални судии во Англија поради учество во скандалозно видео во кое го навредува Ливерпул и Јирген Клоп, го даде своето прво интервју по инцидентот. Во него, скандалозниот судија изјави дека жали за своите постапки и призна дека е геј. Поради сите проблеми кои произлегле од стравот да ја открие својата сексуалност, тој се свртел кон наркотиците.
„Чувствував длабок срам, особено во тинејџерските години. Не им открив на родителите сѐ до 21 година. Не им кажав на пријателите сѐ до 25 години. Мојата сексуалност не е единствената причина која ме доведе до оваа состојба. Но, нема да ја раскажам вистинската приказна доколку не признаам дека сум геј и дека имав вистински тешкотии да го сокријам тоа. Како млад судија ги криев емоциите, а ја криев и сексуалноста – добро својство за судија, но ужасно за човечко суштество. Тоа ме доведе до целосно погрешно однесување.
David coote ladies and gentlemen pic.twitter.com/WDHc36a7Mn
— Josh (@Josh97LFC) November 11, 2024
Добив многу навреди во текот на кариерата како судија и ми беше исклучително тешко да ја додадам и мојата сексуалност кон тоа. Во фудбалот и во општеството воопшто, треба да се направи многу повеќе за справување со дискриминацијата“, изјави Кут.
За употребата на кокаин, со кој се обидувал да се справи со притисокот, поранешниот судија изјави:
„Тоа не беше нешто од што зависев секојдневно. Имав долги периоди во кои не го користев, но тоа беше еден од начините за бегство кои ги имав. Едноставно, се обидував да се ослободам од стресот и немилосрдноста на работата. Чувствувам огромен срам што морам да кажам дека тргнав по тој пат.“
Кут ја признал автентичноста на скандалозното видео, а медиумите потсетија на неговите најголеми грешки во штета на Ливерпул.
„Не се препознавам себеси во видеото со кокаин. Не можам да објаснам како се чувствував тогаш, но тоа бев јас. Се борев со пренатрупаниот распоред и немав можност да запрам. Така се најдов во оваа ситуација – тоа беше бегство. Навистина сум разочаран што нешто такво излезе на виделина, бидејќи тоа го оцрнува спортот.“
Кут додаде дека со помош на терапија ја надминал зависноста од кокаин.
Во исто време, поранешниот судија испрати изјава до „Скај Спортс“.
„Ова беше еден од најтешките периоди во мојот живот. Преземам целосна одговорност за моите постапки, кои се далеку под очекувањата од мене. Навистина жалам за секоја навреда предизвикана од моите дејствија и за негативното светло што го фрлив врз играта која ја сакам. Се надевам дека луѓето ќе разберат дека ова се лични моменти, снимени во многу лош период од мојот живот. Тие не одразуваат кој сум денес или што мислам. Мојот фокус сега е да го дадам приоритет на моето ментално здравје и благосостојба. Се надевам дека моето искуство, како на теренот така и надвор од него, може да биде од корист за фудбалот во иднина.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
