
Барселона успеа да го совлада Реал Мадрид (0-1) на „Бернабеу“ во првиот меч од полуфиналето од Купот на Шпанија, но страстите се уште не се смирени. И покрај тоа што гостинската екипа победи, сепак судијата е цел, затоа што му помагал на Реал.
Едер Милитао си постигна автогол, а беше во фокусот и во разговорот со судијата Мунуера Монтеро кој му призна дека требало да го исклучи Винисиус Жуниор.
Во 24. минута Винисиус Жуниор имаше дуел на средината на теренот со Френки де Јонг, играчот од средниот ред на Барселона. Бразилецот го фати за врат и го собори на земја.
Судијата Монтеро му додели жолт картон на Бразилецот. Следуваа жестоки протести, а со судијата разговараше и Едер Милитао.
Според „Марка“, за да го смири Милитао, Мунуера му го кажал следново: „Едер, слушај ме. Црвен е, добро? Црвен е, го фати за врат и го фрли на земја”.
Видеото беше споделено на социјалните мрежи, при што навивачите на Барселона беа револтирани поради тоа што судијата наводно признал дека требало да го исклучи Винисиус.
Qué hace Vinicius, quería desnucar a Frenkie.pic.twitter.com/7Sqk6n5dPe
— Kratos Culé (@KratosCule) March 2, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
