
Манчестер Јунајтед загуби со 3-1 на гостувањето кај Арсенал. И пред средбата, навивачите и експертите беа изненадени од веста дека Џејдoн Санчо не е во тимот на „црвените ѓаволи“ без никакви дополнителни информации зошто е тоа така.
Поранешниот играч на Борусија Дортмунд беше меѓу резервите на првите три натпревари досега.
По средбата, менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг, доби прашање за причината за отсуството на Санчо, а Холанѓанецот одговори дека тоа се должи на лошиот однос на тренинзите во последната недела пред дербито со „топчиите“.
„Одлучивме Џејдон да не биде дел од тимот врз основа на неговиот настап на тренинзите. Во Манчестер Јунајтед мора да настапувате на одредено ниво секој ден, а ние исто така правиме избори во навалната линија. Тој не беше избран за овој натпревар“, кратко изјави Тен Хаг.
Набргу потоа, сепак, самиот крилен напаѓач реши да му одговори на својот менаџер со објава на социјалните мрежи, во која се спротивстави на зборовите на својот ментор, дефинирајќи се себеси како „жртвено јагне“.
„Ве молам, не верувајте во сѐ што ќе прочитате! Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи кои се целосно невистинити, моето однесување на тренинзите оваа недела беше многу добро. Верувам дека има и други причини за оваа ситуација во кои нема да навлегувам бидејќи долго време сум жртвено јагне што не е фер! Сè што сакам да направам е да играм фудбал со насмевка на лицето и да придонесам за тимот. Ги почитувам сите одлуки кои се донесени од стручниот штаб, имам можност да играм со фантастични играчи, на што сум благодарен и знам дека секоја недела е нов предизвик. Ќе продолжам да се борам за клубот без разлика на се“, напиша Санчо како одговор.
— Jadon Sancho (@Sanchooo10) September 3, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
