Connect with us

Скандал во квалификациите за СП, фудбалер на Казахстан играл допингуван

Казахстан, 124. репрезентација на ФИФА ранг – листата, во четвртото коло од квалификациите за СП сензационално зеде бод (2-2) против Украина. Натпреварот се одигра на 1 септември, а веднаш по натпреварот беше откриен голем скандал. Двојниот стрелец за Казахстан, Руслан Валиулин, играше иако претходно имал позитивен допинг тест.


Во средината на август, Валиулин добил позитивен тест на допинг контрола. Тој беше тестиран на натпреварот меѓу неговиот тим Тобол и Жилина во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Проблемот е што Тобол испратил писмо до Фудбалската федерација на Казахстан на 2 септември, ден по натпреварот со Украина, дека Валиулин е позитивен.

Фудбалската федерација на Казахстан се правда дека не знаела како Валиулин паднал на допинг тест. По натпреварот со Украина, тој беше отстранет од тимот со оправдување дека станува збор за повреда на фудбалерот.

„Руслан вели дека не знаел ништо. Тој се здоби со повреда на мускулот на тој натпревар и затоа не учествуваше во двата натпревари што следеа, против Финска и против БиХ”, изјави Азамат Ајтхожин од Фудбалската федерација на Казахстан.

Според правилата на УЕФА, Казахстан не може да биде казнет и Украина нема да добие бодови на зелената маса бидејќи еден случај на допинг во тимот не е доволен за таква казна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови