
По скандалот со обложување во Шпанија и приведувањето на дефанзивецот на Севилја, Кике Салас, кој наводно се обложувал на себе и намерно добивал жолти картони, слична приказна денес пристигнува од Италија.
Обвинителството во Удине покрена истрага против голманот на Удинезе, Мадука Окоје, кој беше пријавен од Фудбалската федерација на Италија за нелегално обложување.
Според извештаите, имало невообичаено високи уплати на натпреварот Лацио – Удинезе, одигран во март 2024 година.
Најмногу пари биле вложени на облог дека голманот на Удинезе ќе добие жолт картон, што навистина се случило.
Доколку се докаже дека Окоје намерно го добил тој жолт картон за одредени лица да профитираат на обложувалниците, му се заканува суспензија од дури четири години.
Ова е значително построга казна од онаа што на почетокот на минатата сезона во Италија им беше изречена на Сандро Тонали и на Николо Фаџоли.
Овие двајца фудбалери беа суспендирани на седум, односно девет месеци, бидејќи се обложувале на натпревари на кои не играле нивните тимови, туку други.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
