Connect with us

Скамака ја избра Аталанта пред Интер

Напаѓачот на Вест Хем, Џанлука Скамaка, кариерата ќе ја продолжи во Аталанта, соопшти „Скај Спорт Италија“. Tој ја прифати понудата на клубот од Бергамо пред онаа на Интер.


Скамака дава сѐ од себе за да се врати во Серија А откако неговата прва сезона во Англија се претвори во неуспех. Први интерес за него покажаа Рома и Милан, но нивните понуди беа за позајмица плус опција за откуп, што не му одговараше на Вест Хем.

Интер беше многу блиску до потписот на поранешниот ас на Сасуоло пред Аталанта да излезе со понуда вредна 25 милиони евра, плус уште 5 милиони евра бонуси. Клубот од Бергамо му ветил на

Скамака и поголема плата. Веќе денеска или најдоцна утре напаѓачот треба да ги помине лекарските прегледи.

Аталанта треба да потпише и со офанзивецот на Милан, Шарл де Кетеларе. Белгиецот ќе пристигне во тимот како позајмен за 3 милиони евра, а во договорот ќе има опција да биде откупен за 23 милиони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови