Connect with us

Сити му покажа на Арсенал како игра шампион (ВИДЕО)

Манчестер Сити е блиску до одбрана на титулата откако славеше на дуелот против Арсенал на „Итихад“ со 4-1. Сега „граѓаните“ имаат два бода негатива, но и два меча помалку од Арсенал на врвот на табелата.

Кевин де Бруин во седмата минута го отвори резултатот, а Џон Стоунс зголеми на 2-0 непосредно пред одморот. 

Де Бруин со својот втор гол ги разреши сите дилеми во 54.минута, а Роб Холдинг постигна почесен гол за Арсенал.

Во судиското продолжение и Ерлинг Халанд се запиша во листата на стрелците.   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови