Манчестер Сити ја одбрани шампионската титула во Премиер – лигата откако го победи Вест хем со 3-1 на „Итихад“. Фил Фоден беше двоен стрелец, а и асистент на третиот гол што го постигна Родри. За Вест Хем погоди Кудус.
Тоа е четврта последовна титула за „граѓаните“ во Англија. Тимот на Пеп Гвардиола продолжува со својата доминација.
Арсенал го победи Евертон со 2-1, но, сепак, заостана два бода зад „граѓаните“ во конечната трка за шампионскиот трофеј. Идирса Геје, со помош на Деклан Рајс кој го смени правецот на топката, погоди од слободен удар за водство на Евертон, но брзо израмни Томијасу. Арсенал победи со голот на Каи Хаверц во 89.минута од мечот.
Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2-0 во последниот меч на Јирген Клоп како менаџер на тимот. Семедо доби црвен картон, а потоа „црвените“ лесно дојдоа до два гола предност.

Алексис Мекалистер погоди со удар со глава, а во листата на стрелците се запиша и Кванса.
Челси го победи Борнмут со 2-1 и го задржа шестото место кое води во Лига Европа. Каиседо постигна спектакуларен гол од половина терен за водство по првиот дел, а Рахим Стерлинг зголеми на 2-0 во 49.минута. Сепак, веќе во следниот напад, Унал постигна погодок за Борнмут.
Тотенхем славеше кај Шефилд Јунајтед со 0-3, со двата гола на Дејан Кулушевски и погодокот на Педро Поро.
Брајтон во последниот меч за Роберто де Зерби на клупата загуби од Манчестер Јунајтед со 0-2. Дало и Хојлунд стрелаа за „ѓаволите“.
Њукасл го победи Брентфорд на гости со 2-4, а Кристал Палас ја декласира Астон Вила со 5-0.
Нотингем Форест славеше кај Барнли со 1-2, а Фулам го победи Лутон на гости со 2-4.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













