Манчестер Сити го победи Фулам со 2-1 во драматичен меч на „Итихад“ и во моментот се искачи на првата позиција на табелата во Премиер – лигата. Повеќе од еден час тимот на Пеп Гвардиола играше со фудбалер помалку, а победничкиот гол го даде Ерлинг Халанд во 95.минута, од пенал.
Претходно, Кевин де Бруин беше фаулиран во шеснаесетникот на гостите.
Манчестер Сити поведе со голот на Хулијан Алварез во 16.минута, а само десет минути подоцна беше досуден пенал за Фулам, а Жоао Кансело доби црвен картон. Андреас Переира успеа да реализира за 1-1. И долго стоеше овој резултат, се до судиското продолжение кога Халанд исто така погоди од пенал.
Лидс Јунајтед во луда голеада славеше со 4-3 против Борнмут, а Брајтон со 2-3 го победи Вулверхемптон на гости. Нотингем Форест и Брентфорд одиграа 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













