Манчестер Сити ќе остане без двајцата најдобри дефанзивци, Кајл Вокер и Џон Стоунс, за големото дерби во Премиер – лигата против Арсенал. Ова го потврди Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“ на денешната прес-конференција.
Двајцата се здобија со повреди на натпреварите на Англија со Бразил и со Белгија. Сепак, во таборот на шампионите има и добра вест, а тоа е дека Едерсон, кој заработи повреда на дербито со Ливерпул, сега е многу подобар и најверојатно ќе биде на голот на Сити за пресметката на „Итихад“ в недела. Подготвен е и Мануел Аканџи.
„Едерсон е многу, многу подобар. Кајл и Џон се надвор од комбинација. Аканџи е во ред. Таква е ситуацијата. Немам поим колку време ќе им треба да закрепнат. Повредата на Вокер е полоша“, изјави Гвардиола.
„Арсенал го има истиот менаџер и некои нови играчи во споредба со минатата сезона. Тие контролираат многу аспекти од играта. Секој натпревар играат сѐ подобро и подобро. Не очекував ништо поинаку на почетокот на сезоната. Деклан Рајс? Тој ја донесе својата одлука. Сите тимови во Премиер – лигата сакаа да го ангажираат Рајс“, истакна Пеп, мислејќи на „топчиите“ и англискиот репрезентативец, кого и Сити се обиде да го ангажира минатото лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal