Connect with us

„Сите ние сме Винисиус. Доста е“, порачаа „кралевите“ пред мечот со Рајо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид пред денешниот меч против Рајо Валјекано на „Сантијаго Бернабеу“ истрчаа во дресот на Винисиус Жуниор и порачаа: „Сите ние сме Винисиус. Доста е“.


Бразилецот Винисиус Жуниор е жртва на расистички навреди на стадионите ширум Шпанија, а кулминацијата беше достигната на мечот против Валенсија.


Фудбалерот го следи натпреварот од ВИП ложата заедно со претседателот на клубот, Флорентино Перез. Тој не игра поради мала повреда, иако му го поништија црвениот картон што го доби на мечот против Валенсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови