Македонските прволигаши Шкупи и Струга Трим Лум одбија да се тестираат во акцијата на Синдикатот на фудбалери на Македонија. По „позитивните случаи“ што се појавија во Шкендија и во Ренова, овие два клуба порачале дека не веруваат на тестовите за Covid-19. Јасно е дека дел од клубовите тераат и свои политики, секако, за излез на европска сцена, истакнуваат од Синдикатот.
„Денес во тренинг кампот на ФK Вардар беше мобилна екипа на Аџибадем Систина. На сите играчи,стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во клубот им беше извршено тестирање на Ковид 19.
За утре имавме закажано тестирање во Фк Шкупи меѓутоа во последен момент ни беше откажано од нивна страна со образложување дека они не веруваат во овие тестови. Го почитуваме нивното мислење, но еве јавно ги замолуваме да направат тестови во друга институција во која они веруваат во интерес на здравјето на фудбалерите.
ФK Струга Трим Лум исто одби да се тестира со нас меѓутоа коректно најавија дека тестови ќе направат некаде во државните болници.Исто така ни најавија дека резултатите ќе ни ги презентираат и тоа е за почитување,се гледа дека како клуб ги интересира здравјето на фудбалерите.
За пример на сите треба да ни биде ФК Слога од Виница. Иако ќе играат бараж натпревар за влез во втора лига, ФК Слога побара од нас да им обезбедиме тестирање. Тестирањето е обезбедено и веќе утре Аџибадем Систина ќе биде во Виница и ќе изврши тестирање во просториите на клубот. Во име на СФМ ве замолуваме да не не ставате во никакви комбинации и нечесни игри.До нас допре глас дека сме била во некаква “игра” со Систина за некакви нечесни игри.
Комбинациите правете си ги на ваша маса со ваши луѓе. Ние секогаш ќе стоиме на страна на фудбалерите, здравјето нивно за нас е најважно. Ако на одредени луѓе во клубовите им е најважен профитот и излезот во Европа, а не здравјето на играчите тогаш сериозно треба да се запрашаат што воопшто бараат во спортот и фудбалот“, се вели во соопштението од Синдикатот на фудбалери на Македонија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski