
Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги му се извини на својот брат Филипо Инзаги, откако синоќа неговиот тим одигра 0-0 со Торино. По ова реми, Беневенто предводен од Филипо ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Серија А, а Торино останува во елитата.
„Разочаран сум за мојот брат, но дадовме максимум и мислам дека ова е добра слика за италијанскиот фудбал. Убаво беше да се види како се борат двата тима до последната минута. Беше многу долга и многу тешка сезона, практично имавме две врзани сезони, според тоа што игравме на секои три дена. Не очекува уште последниот натпревар во Серија А, и ние повторно ќе дадеме сè од себе“, изјави Симоне Инзаги.
Лацио обезбеди учество во групната фаза од Лигата на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal