Connect with us

Симоне Инзаги ќе го наследи Антонио Конте во Интер?

Новиот италијански првак Интер се соочува со големи проблеми веднаш по освојување на „скудетото“. Финансиите го мачат раководството на „нероаѕурите“, ќе мора да продаваат дел од фудбалерите, а поради тоа и Антонио Конте најверојатно ќе замине од „Џузепе Меаца“.

Но, сепак, Интер по најавеното заминување на Конте веќе контактирал неколку тренери кои би можеле да пристигнат во Милано и да седнат на клупата на стартот од новата сезона. Најголема желба на челниците е Масимилијано Алегри, но и тој не се вклопува во новата финансиска структура, па затоа контактиран е Симоне Инзаги, актуелниот тренер на Лацио.

Директорите на Интер се обидуваат да дојдат до информација дали Симоне Инзаги е заинтересиран да го замени Рим со Милано и да го предводи тимот на „нероаѕурите“ во новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови