Симоне Инзаги се наоѓа пред отказ во Интер, а се би требало да биде јасно во следните девет дена по натпреварите против Барселона во Лигата на шампионите и Сасуоло во следното коло од Серија А.
Интер игра лошо оваа сезона. „Нероаѕурите“ по осум кола се само деветти во италијанскиот шампион со 12 освоени бода, а двата последователни порази од Удинезе и од Рома дополнително ја затресоа клупата на Инзаги.
Раководството на клубот очекува поранешниот тренер на Лацио веднаш да го размрда тимот и да постигне поволни резултати во следните два меча, што нема да биде воопшто лесно, особено ако се земат предвид одличните настапи на Барселона од стартот на сезоната.
Доколку 46-годишниот Инзаги, кој летово го продолжи договорот со вицешампионот на Италија до летото 2024 година, добие отказ, на негово место би можел да дојде Дејан Станковиќ.
Поранешниот стратег на ЦрвенаЗзвезда е желба на навивачите и еден од милениците на управата.
Сепак, Сампдорија во меѓувреме му врачи отказ на Марко Џампаоло, а познато е дека нивниот прв пик е токму Станковиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













