
Раководството на Интер нема намера да го отпушти тренерот Симоне Инзаги. „Нероаѕурите“ загубија два од последните три натпревари во Серија А и заостануваат 18 бода зад лидерот Наполи, но клупските шефови не планираат да се разделат со Инзаги.
Стратегот доби гаранција од клубот дека ќе продолжи да се потпира на него и дека неговата позиција не е загрозена.
Веста за довербата на Инзаги доаѓа по шпекулациите дека Интер е во преговори со Антонио Конте.
Менаџерот на Тотенхем речиси сигурно ќе го напушти лондонскиот клуб на лето, а многу навивачи на Интер се надеваат дека тој ќе се врати да го води тимот од следната сезона.
Под водство на Конте, „нероаѕурите“ ја освоија титулата во сезоната 2020/21.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“
