Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше за трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ и како ќе се одрази заминувањето на Аргентинецот на шпанската лига.
„Заминувањето на Меси е значајно за Ла Лига поради тоа колку беше важен за натпреварувањето, секако и за Барселона. Атлетико немаше контакт со него, немаше ниту најмала шанса да смета на него. Конкурентноста на првенството без Меси и Роналдо зависи од развојот на сите тимови. Пример за тоа во кој правец треба да се движат тимовите се премиерлигашите од Англија“, изјави Симеоне.
Меси се приклучи на ПСЖ на 10 август по напуштањето на Барселона. Неговиот договор е на две години со можност за продолжување на уште една сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













