Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека неговиот тим се покажа во добро издание и покрај тоа што загуби од Интер со 0-1 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Аргентинскиот стратег ја припиша загубата на недоразбирањето меѓу Родриго де Пол и Рејнилдо Мандава на средината на теренот.
„Добро се натпреварувавме и дојдовме блиску до она што го сакавме – да се спротивставиме на добриот напад на Интер. На крајот, целата работа во фудбалот се гледа на теренот. Можете да подготвувате како сакате, но на крајот фудбалерите го демонстрираат тоа во текот на мечот. Интер ја искористи грешката меѓу Родриго де Пол и Рејнилдо Мандава“, истакна Симеоне.
„Мораме да продолжиме да ја подобруваме нашата игра, да продолжиме да победуваме во дуелите и да трчаме повеќе. Со тоа ќе дојдат и добрите резултати“, заклучи тренерот на Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













