
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не беше задоволен по поразот од 0-4 против Арсенал во Лигата на шампионите. Сепак, тој одби да се оправдува со недостиг на среќа и призна дека причината за овој пораз се грешките што ги направи неговиот тим во текот на натпреварот.
„Тие беа подобри и многу поефикасни во тој дел од мечот. По голот од прекин, натпреварот се разви во нивна корист – и тоа сосема заслужено. До 1-0 нè принудија да го дадеме максимумот. Тимот работеше добро, трчаше многу, но едноставно бевме надиграни од посилен противник. Клучен момент беше промашувањето на Хулијан Алварез, кога топката мина блиску до стативата во првото полувреме – тоа се тие мали детали што можат да ја променат рамнотежата во натпреварот. Но, противникот е исклучително силен во сите линии, трча многу и тоа ти го одзема времето за размислување. До првиот гол се снаоѓавме добро, но во тие 13 минути беа безмилосни“, изјави Симеоне.
Интересно е што Арсенал го казни Атлетико со голови по прекини – нешто што обично е силна страна на „јорганџиите“.
„Секогаш сум ги сакал прекините, а има тимови што ги изведуваат одлично. Тие имаат огромна вредност во секој натпревар. Кога исходот на мечот ќе го решиш по прекин, тогаш си изминал голем дел од патот до победата“, додаде аргентинскиот стратег.
Сепак, тој забележа и неколку позитивни страни во играта на својот тим.
„Позитивното се минутите до првиот гол, кога се спротиставивме навистина добро. Тогаш можевме да реагираме подобро. Арсенал тоа го прави совршено, затоа и постигнува толку многу голови. Тоа ја покажува важноста на прекините во фудбалот. Не се работи за лоша среќа, туку за грешки. Во тој период секое нивно дејство носеше опасност. Тоа е лекцијата што ни ја остава овој натпревар – деталите се пресудни во различните етапи од играта“, додаде Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
