Во Атлетико Мадрид со нетрпение го очекуваат почетокот на своето учество во Лигата на шампионите. Тимот од шпанската престолнина започнува со домаќинство против Лајпциг, в четврток од 21 часот.
Тренерот Диего Симеоне истакна дека новиот формат ќе биде уште поинтересен и дека намалена е можноста за калкулации во групната фаза.
„Сè е можно. Но, мораш да победуваш, без оглед против кого играш. Лигата на шампионите ќе стане уште поатрактивна, бидејќи сега тимовите ќе треба да бележат повеќе победи. Нерешените резултати ќе бидат корисни само до одреден момент. Во вторник видовме колку моќно започнаа силните тимови. Сите противници напредуваат и ќе создаваат проблеми. Ова ќе биде нашето 12-то учество со Атлетико во ЛШ. Ова е голем чекор напред за клубот. Потребно е да продолжиме да бараме повеќе од себе, но важно е да дејствуваме натпревар по натпревар и да бараме победи“, изјави Диего Симеоне.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













