
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, имаше што да каже за инцидентот кој накратко го прекина дербито против Реал Мадрид (1-1), откако навивачите почнаа да го гаѓаат голманот на гостите, Тибо Куртоа, со запалки. Аргентинецот го осуди ваквиот чин, но исто така го критикуваше и белгискиот голман за неговото однесување и начинот на кој ги провоцирал ултрасите, намерно дразнејќи ги по голот на „кралскиот клуб“.
„Клубот ќе ги преземе потребните мерки за луѓето кои го направија тоа. Немаме потреба од такви луѓе на трибините. Имаме потреба од луѓе кои нѐ поддржуваат и кои мислат за клубот… Сепак, тоа не значи дека вината е само нивна, бидејќи тие реагираа на нешто што се случи на теренот. Ова не ги оправдува, но според мене, треба да има санкции и за лицето кое ги провоцираше. Сите треба да внимаваме како се однесуваме на стадионот, а тоа важи и за мене. Според мене, треба да има санкции и за провокаторот. Ако ќе ги казнуваме оние кои фрлаат запалки, треба да го казниме и оној што ги испровоцира. Бидејќи, ако нема такви санкции, ова може да се повтори“, смета Симеоне.
Куртоа е причината зошто навивачите на Атлетико „полудеа“. Тој го провоцира клубот кој му даде сѐ, а потоа се чуди на нивната реакција.
„Слично нешто му се случи на Куртоа и на „Бернабеу“ додека играше за Атлетико. Ова не треба да се случува и клубовите треба да преземат потребни мерки. Но, треба да бидеме внимателни и да не се правиме жртви. Бидејќи, кога ги провоцираме луѓето, нормално е да има реакција, без разлика дали си Симеоне, Куртоа, Винисиус, Меси или Гризман“, додаде Aргентинецот.
Потоа го сподели и своето мислење за натпреварот.
„Се браневме добро во првото полувреме, но генерално не сум задоволен од нашата игра, бидејќи можевме подобро да реагираме на контранападите. Во вториот дел се поставивме добро и постигнавме гол. Се покажа дека овој инцидент имаше позитивно влијание врз нас. Тимот излезе на терен со ново лице и покажа поинаква игра. Создадовме доста шанси и заслужено стигнавме до нерешен резултат“, смета тренерот на Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
