Connect with us

Силекс се засили со Србинот Димитрије Зајиќ

Македонскиот прволигаш Силекс успеа да доведе уште едно засилување од Србија. Се работи за Димитрије Зајиќ, 28-годишен играч за врска кој доаѓа од Слога Добој.

Зајиќ треба да го засили офанзивниот дел од линијата за врска во составот на Горазд Михајлов.

Тој во кариерата играл за српските нисколигаши Дунав и Синѓелиќ.

Нов играч на Силекс е и Кристијан Чурлинов, кој доаѓа од редовите на ФК Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови