Connect with us

Силекс почна со српските засилувања: Стоперот Марко Маринковиќ доаѓа во Кратово

Повратникот во елитата, тимот на Силекс го доведе првото странско засилување. Кратовскиот тим потпиша договор со српскиот фудбалер Марко Маринковиќ.


Тој игра на позицијата стопер и треба да ја пополни празнината во одбраната по заминувањето на Стојан Стојчевски. Последен клуб му е српскиот Добановци Будуќност.

Марко Маринковиќ има настапувано и за Нови Пазар, Напредак, Борац, БСК Борча, Синѓелиќ, Смедерево, а кариерата ја почнал во младинската академија на Црвена Звезда. Српскиот стопер во странство настапуваше и за Спартак Трнава и за Слобода Тузла.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови