Прволигашот Шкупи минува низ една од најтешките кризи во поновата историја. По седум одиграни кола, тимот има исто толку порази, а по првиот домашен меч во Чаир оваа сезона – пораз од Македонија ЃП со 0-2 – атмосферата ескалираше. Навивачката група „Шверцери“ влета во преден план и им ги одзеде дресовите на фудбалерите по крајот на натпреварот.
Во остро соопштение, верните поддржувачи потсетија дека одамна алармирале за опасноста од вакво сценарио.
„Играчите и вработените немаат земено плата од јануари, и покрај празните ветувања дека долговите ќе бидат решени. Квалитетните заминаа, а засилувањата доаѓаат без форма и визија“, пишуваат тие.
Според „Шверцерите“, најголемата вина не е кај фудбалерите, туку во раководството. Прстот е вперен кон претседателот Јасин Конџали, кој, како што велат, со месеци е отсутен од клубот и не се соочува со реалноста. На удар е и тренерот Умит Шахин, обвинет за пасивност и за тоа што нема авторитет во соблекувалната.
„Уште пред сезоната баравме негова смена, претседателот ветуваше, но ништо не спроведе. Резултатот е јасен – седум порази во седум меча“, стои во реакцијата.
Одземањето на дресовите, велат навивачите, не е акт против играчите, туку силна порака до спонзорот и до клубот.
„Дресовите ќе ги вратиме кога тренерот ќе си замине“, порачуваат.
„Шверцери“ подвлекуваат дека веќе 36 години се столбот зад Шкупи и дека нема да се откажат, додека клубот не се ослободи од „канцерогените структури што го уништуваат“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













