Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се повлече од репрезентацијата поради повреда за октомврискиот квалификациски циклус, објави селекторот на шведската репрезентација.
Ибрахимовиќ ќе ги пропушти натпреварите против Косово и селекцијата на Грција во квалификациите за Светското првенство.
Селекторот на Шведска, Јане Андерсон, го стави Ибрахимовиќ на списокот на играчи, но 40-годишниот напаѓач мораше да се повлече поради повреда.
„Златан не се опорави доволно за да може да игра. Жално за нас, но и за Ибрахимовиќ“, изјави Андерсон.
Ибрахимовиќ го пропушти Европското првенство поради повреда, додека за Милан одигра само еден натпревар од почетокот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













