Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака вчера го напушти натпреварот на Арсенал против Вулверхемптон по само 16 минути. Тој беше заменет од Фабио Виеира, а се пожали на изнемоштеност.
Микел Артета веднаш реагираше, а замената ги загрижи Швајцарците, со оглед дека Гранит Џака е еден од носителите на нивната репрезентација која ќе настапува Светското првенство.
Сепак, Микел Артета откри дека се работи за стомачен вирус.
„Не се чувствуваше добро. Имаме неколку фудбалери со стомачни проблеми. Мило ми е што се прилагодивме на ситуацијата и ги добивме мечот“, изјави Артета.
Швајцарија првиот натпревар на Светското првенство го игра против Камерун на 24 ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













