Connect with us

Швајцарците ја шокираа „фуријата“, Португалија и Србија убедливи (ВИДЕО)

Швајцарија ја изненади Шпанија во Сарагоса и славеше со 1-2, а „црвената фурија“ со овој пораз го загуби и првото место во групата. Мануел Аканџи во 21.минута донесе водство за Швајцарците, а израмни Жорди Алба во 55.минута. Но, само три минути подоцна Брил Емболо постигна нов гол за изненадувачки триумф на гостите.

Португалците го искористија поразот на Шпанија и со убедлива победа (0-4) на гости против Чешка се искачија на врвот на табелата во оваа група. Диого Дало беше двоен стрелец, а погодија и Бруно Фернандеш и Диого Жота. Патрик Шик во финишот на првото полувреме не реализира пенал за Чешка.

Србија беше убедлива во Белград против Шведска и победи со 4-1. Виктор Клаесон во 15.минута донесе предност за Швеѓаните, но само го налути Александар Митровиќ. Тој со два гола до крајот на првиот дел направи пресврт, а во 50.минута комплетираше хет-трик. Саша Лукиќ постигна прекрасен гол во 70.минута за конечните 4-1.

Израел ја победи Албанија со 2-1, а Шкотска со истиот резултат славеше против Република Ирска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови