
Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство. „Црвената фурија“ по изведување пенали (1-3) успеа да ја елиминира незгодната Швајцарија на дуелот во Санкт Петербург и не дозволи селекцијата на Владимир Петковиќ да направи уште една сензација.
Швајцарците овојпат катастрофално изведуваа пенали, погоди само Марио Габрановиќ, а Унаи Симон беше пречка за Шар, Аканџи и Варгас. Капитенот Бускетс и Родри беа слаби реализатори кај Шпанците, но погодија Олмо, Морено и Ојарзабал.

Во регуларниот тек мечот заврши 1-1. Шпанија поведе во осмата минута, кога Денис Закарија го смени правецот на топката и постигна автогол по шутот на Жорри Алба. Но, Швајцарија во второто полувреме успеа да израмни со голот на Џердан Шаќири во 68.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal