
Нотингем Форест беше клубот кој потпиша најмногу играчи пред почетокот на сезоната во Премиер – лигата, но не престана да се засилува и во јануари. Во последниот ден од преодниот рок кај „шумарите“ пристигнаа три нови засилувања.
Новакот во Премиер – лигата успеа да го ангажира Кејлор Навас како позајмен играч од Пари Сен Жермен. Костариканскиот голман не беше задоволен од неговиот статус како резерва на Џанлуиџи Донарума. Тој немаше официјален натпревар во сезоната до 6 јануари.
Играчот од средниот ред Џонџо Шелви се пресели од Њукасл во Нотингем Форест. Тој парафираше на 2,5 години со својот нов тим. Шелви имаше договор до лето со „чавките“, но не се вклопи во плановите на менаџерот Еди Хау, а одлуката за негова продажба беше логично донесена.
Дефанзивецот Фелипе исто така го засили тимот на Стив Купер. Искусниот Бразилец доаѓа од Атлетико Мадрид и потпиша договор до 2024 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
