Баерн Минхен е познат по својата речиси совршена организација. Сè на фудбалскиот терен и играчите е доведено до совршенство, но секогаш има одредени поединци кои успеваат да го расипат имиџот на голем клуб.
Овој пат тоа е главниот готвач Алфонс Шухбек, човекот кој е задолжен за храна во гигантот од Минхен и кој ги остави своите работници без плата.
Неколку вработени во кујната на Баерн решија да штрајкуваат. Тие со месеци немаат земено плата и немаат намера да работат додека не им се реши проблемот.
Алфонс Шухбек е винивен за се. Баерн редовно му плаќал да се грижи за се што е поврзано со кујната, но тој успеал да направи сериозен хаос.
На Шухбек му се блокирани сите сметки. Тој е под истрага на германските власти за даночно затајување над два милиони евра и не може да ги плати работниците.
Поради ова, несреќните работници започнаа штрајк. Тие само си ги сакаат заработените пари и немаат намера да работат додека не им се подмират долговите.
Баерн сигурно ќе мора да направи нешто околу тоа. Човекот што го ангажираа ги изневери сите и веројатно тој повеќе нема да биде задолжен за кујната на познатиот клуб.
Баерн секако нема да дозволи незадоволни работници во своите редови, без разлика на која позиција се наоѓаат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













