Фудбалската селекција на Лихтенштајн е вечерашниот противник на Македонија во вториот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. И двете селекции влегуваат во овој дуел откако беа поразени на стартот, а селекторот на гостите Мартин Штокласа верува дека неговата селекција може да одигра квалитетно иако чувствува замор од претходниот меч со Ерменците.
„Македонија не ни е непозната селекција. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме. Се чувствува замор во тимот, тешко е да се играат три натпревари во шест дена, ќе размислам дали ќе направам промени од тимот што играше против Ерменија“, изјави Штокласа.

Дефанзивецот Макс Гепел смета дека Лихтенштајн одиграл одлично против Ерменците.
„Одушевен сум како одигравме против Ерменците на претходниот дуел. Верувам дека и со Македонија можеме да бидеме на вистинското ниво и ќе се обидеме да ги изненадиме“, изјави Гепел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













