Connect with us

Што сака Сетиен да каже? – Верувајте, не сакате да му бидете тренер на Меси!

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, првпат откако замина од „Камп Ноу“ проговори колку е тешко да се менаџира тимот на каталонците, со посебен акцент на Лионел Меси. Тој вели дека Аргентинецот без сомнение е најдобриот фудбалер во светот, но неговиот карактер е и повеќе од специфичен. 

„Мислам дека Меси е најдобар фудбалер на сите времиња. Имаше и други фантастични фудбалери, но континуитетот што го има Меси мислам дека другите не можеа да го понудат. Тој постигнува голови, освојува трофеи, индивидуални награди“, вели Кике Сетиен. 

Сепак, ја откри и другата страна на Меси. Дека тој не трпи тренерите да му „заповедаат“.

„Сите велат дека сакаат да го имаат Меси во тимот. Верувајте, можеби и не сакате. Тој е одличен фудбалер, но…Има нешто друго во позадина, карактерот. Тој не зборува многу, само неколку збора, но чувствувате дека не е задоволен и тогаш почнуваат проблемите. Гледате нешто што не сте ни верувале дека ќе ви биде проблем. Сепак, кој сум јас да го менувам најдобриот фудбалер. Околу него е изградена аура, тој е недопирлив“, си кажа дел од маките Кике Сетиен, додека беше на кормилото на Барселона. 

Кике Сетиен дојде на местото на Ернесто Валверде на „Камп Ноу“, го водеше составот на Барселона околу шест месеци, а доби отказ по срамниот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. 

         

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови