
Јувентус доживеа шокантна елиминација од Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите иако португалскиот тим играше со играч помалку речиси цело второ полувреме и во продолженијата. Серџо Оливеира во 115. минута постигна гол од слободен удар, а главен „виновник“ е Кристијано Роналдо кој се „исплаши“ од топката заедно со Адриен Рабио. На крајот топката заврши во мрежата на Шчешни.
„Не знам што се случи, но ова е недозволиво. Ова никогаш претходно не ни се случило, никогаш фудбалерите не свртеле грб. Не мислам дека се исплашија од топката, туку беа опуштени и мислеа дека позицијата е предалеку за да биде загрозен нашиот гол. Направивме четири кобни грешки во два натпревари и затоа сме елиминирани. Ќе ни треба време за да го надминеме овој шок“, изјави по натпреварот, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло.
Италијанските медиуми го критикуваат Кристијано Роналдо истакнувајќи дека одиграл очаен натпревар кога му бил најпотребен на тимот.
My Goat ? Sergio Oliveira ❤️ pic.twitter.com/x0WfBICDWJ
— ViBESMAN?? (@kobbyvibesman) March 9, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
