Connect with us

Штерјовски на клупата на Пелистер

Зоран Штерјовски ќе го наследи Дарко Крстески на клупата на битолскиот второлигаш Пелистер. По поразот од Вардар Форино дојде до промена на тренерската позиција под „Тумбе Кафе“. 

Штерјовски ќе дебитира на мечот од Купот на Македонија в среда против Работнички во Скопје, а негов асистент ќе биде Димитар Капинковски.

Интересно е дека дојде до промена на тренерската позиција иако Пелистер е на првата позиција на табелата во Втората лига Запад со 20 бода, два повеќе од Лабуништа и три од Велазерими.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови