Уште еден фрапантен податок го обележа триумфот на Шпанија на Европското првенство. Ова беше 27. финале на некое големо фудбалско натпреварување за шпанските тимови (клубови и репрезентација) од мај 2001 година.
Шпанците не загубиле ниту едно од тие 27 финалиња, а играле во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Лигата на нациите, Европското првенство и Светското првенство.
Последното финале кое Шпанците го загубија беше финалето на Купот на УЕФА во мај 2001 година кога Ливерпул го победи Алавес по продолженија.
Титулата во Берлин е рекорден четврти европски трофеј за Шпанија, која без сомнение сега ќе биде прв фаворит и на Светското првенство 2026 во Мексико, Канада и САД.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













