Connect with us

Шпанското обвинителство бара две и пол години затвор за Рубијалес

Шпанското обвинителство бара поранешниот претседател на Фудбалската федерација, Луис Рубијалес, да биде осуден на две и пол години затвор, откако без дозвола го бакнал шпанскиот репрезентативец на подиумот по освојувањето на Светското првенство.


Рубијалес е обвинет за сексуален напад и принуда бидејќи во август во Сиднеј ја бакнал во уста фудбалерката Џени Хермосо без дозвола. Хермосо и нејзините соиграчи рекоа дека бакнежот бил несакан и понижувачки.

Тој ги отфрли обвинувањата и беше принуден да поднесе оставка по скандалот, поради кој Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше на три години до крајот на Светското првенство во 2026 година.

Како што објави „Би-Би-Си“, обвинителката Марта Дурантес го обвини Рубијалес за една точка за сексуален напад и една точка за принуда, кривични дела за кои е предвидена казна од една година и една и пол година затвор.

Таа ги обвини поранешниот селектор на женската репрезентација на Шпанија, Хорхе Вилда, спортскиот директор на репрезентацијата Алберто Лике и директорот за маркетинг на конфедерацијата Рубен Ривера дека ја принудиле Хермосо да каже дека бакнежот бил консензуален.

Тие пред судот го негираа обвинението, а доколку бидат осудени може да добијат по 18 месеци затвор.

Дурантес бара сите четворица да и платат отштета од 100.000 евра на Хермосо, а Рубијалес да плати најмалку половина од сумата. Таа побарала и забрана за приближување до фудбалерката на 200 метри и забрана за комуникација во следните седум и пол години.

Освен за принудниот бакнеж, Рубијалес беше критикуван и за непримерно однесување за време и по натпреварот, откако се фати за препоните додека ја славеше победата, во присуство на кралицата Летиција и нејзината ќерка, принцезата Софија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови