
Шпанската полиција објави дека уапсила три млади лица под сомнение дека расистички го навредувале напаѓачот на Реал Мадрид и бразилски фудбалер Винисиус Жуниор од трибините на „Месталја“ за време на неделниот натпревар од 35. коло меѓу Валенсија и Реал Мадрид.
Низ Шпанија, Винисиус редовно доаѓа во конфликт со противничките навивачи, а често и со играчите, па беше исклучен на крајот од натпреварот против Валенсија.
Ден по натпреварот Реал Мадрид поднесе кривична пријава до шпанското обвинителство во која се наведува дека Винисиус бил цел на расистички навреди во Валенсија, а настаните се само продолжение на она низ што минува бразилскиот играч во текот на актуелната сезона.
Претходно, четири лица беа уапсени во Мадрид како дел од истрагата на шпанската полиција за бесењето на ликот на Винициус во јануари оваа година. Уапсените беа обвинети за криминал од омраза, категорија која опфаќа и расистички престапи во Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal