
Барселона е заглавена преку глава. Мора да продава пред да може да купува. Односно, Ла Лига не дозволува да биде лиценциран ниту еден нов фудбалер се додека Барселона не прикаже приходи од продажба на фудбалерите.
Шокот за навивачите на Барселона е уште поголем откако Хоан Лапорта откри дека клубот не може во моментов да ги лиценцира ниту новите засилувања, Мемфис Депај, Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон.
„Лимитот од 110 проценти од платите во однос на нашите приходи е без договорот на Лионел Меси. Ова значи дека не можеме да ги регистрираме четирите летни засилувања во овој момент. Треба дополнително да ги намалиме трошоците. Ако не го намалиме тој процент на 70%, Ерик Гарсија, Емерсон, Мемфис Депај и Серхио Агуеро нема да играат за клубот“, изјави Лапорта и ги шокираше навивачите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski