
Српската кошарка вчера го загуби Дејан Милојевиќ, 46-годишниот стратег кој почина од срцев удар во Соединетите Американски Држави. Тој ќе остане запаматен како еден од најзаслужните за развојот на Никола Јокиќ додека беше во Мега, а Милојевиќ беше асистент тренер на Голден Стејт Вориорс.
Огромен „кикс“ направи државната телевизија РТС која информирајќи за срцевиот удар на Дејан Милојевиќ објави фотографија од Владан Милојевиќ, тренерот на фудбалскиот клуб Црвена Звезда.
„Јавноста беше шокирана од веста дека српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ доживеал срцев удар. Според првите информации, Дејан Милојевиќ е во болница и неговата здравствена состојба сега е стабилна. На Милојевиќ му се слошило претходната вечер за време на вечера во ресторан во Солт Лејк Сити, однесен во најблиската болница и потоа опериран“, изјави водителот на Дневник на РТС, не сфаќајќи дека кошаркарскиот тренер е претставен со фотографија на фудбалски тренер.
Произлегоа жестоките коментари и критики на сметка на јавниот сервис на Србија.
„Какви идиоти. Огледало на распаднатата држава“, се вели во еден од најжестоките коментари.
raspustiti sve do jednog pic.twitter.com/caVDGchHRG
— Zoran Boljanovic (@zoranboljanovic) January 17, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
