
Неверојатен меч на „Сиудад де Валенсија“ одиграа Леванте и Реал Мадрид. Заврши 3-3, имаше фантастично темпо, „кралевите“ двапати се враќаа, а на крајот во тимот на Леванте бранеше фудбалерот Рубен Везо, откако голманот Аитор Фернандез заработи црвен картон.
Прекрасни голови постигнаа Кампања и Винисиус Жуниор, а Енис Барди, кој влезе во 75.минута, со првиот допир на топката изведе слободен удар и намести гол за својот тим.
Бејл го отвори резултатот во петтата минута, а Леванте направи пресврт по десетина минути во вториот дел со головите на Роџер Марти и на Кампања. Винисиус Жуниор израмни на 2-2 по неверојатната асистенција на Кашемиро.
Следеше ново водство на Леванте со голот на Робер Пир во 79.минута, но Винисиус Жуниор повторно израмни шест минути подоцна со фантастичен гол. Потоа голманот Фернандез заработи црвен картон, а иако бранеше Робен Везо, Леванте успеа да одржи 3-3.
На крајот, по многу возбудувања, и двете екипи поделија по еден бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
