Connect with us

Шок за Шкендија: Во 100.минута испушти победа против Јагиелонија (ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкендија беше на прагот на голема победа против Јагиелонија, но прими гол буквално во 100.минута, кога имаше и играч повеќе на теренот, па мораше да задоволи со конечни 1-1 против полскиот тим, во третото коло од групната фаза во Конференциската лига.

Лиридон Љатифи во 49.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.

Shkëndija 1-0 Jagiellonia Białystok – Liridon Latifi 49′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Сѐ беше иделно до последните моменти, буквално до 100.минута, кога Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1. Во тој период Јагиелонија веќе беше со играч помалку, затоа што во 96.минута од судиското продолжение исклучен беше Хесус Имаз поради два жолти картони.

По три кола, Шкендија сега има четири бода и се наоѓа на 21. место на табелата во Конференциската лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови