Фудбалската репрезентација на Хрватска доби шокантна вест пред заминувањето за Копенхаген на осминафиналниот дуел против Шпанија на Европското првенство. Еден од најголемите адути, крилниот напаѓач Иван Перишиќ доби позитивен тест на коронавирус и нема да може да игра на овој дуел, а можеби и до крајот на шампионатот.
Перишиќ веднаш е изолиран и ќе остане одвоен во наредните десет дена. Останатите хрватски репрезентативци се негативни и патуваат за Данска.
Неиграњето на Перишиќ секако ќе биде голем удар за селекторот Златко Далиќ и неговите избраници за осминафиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal