![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/04/de-jong-barsa-5.jpg)
Френки де Јонг (27), одличниот играч за врска на Барселона и на холандската репрезентација со 54 настапи за националниот тим, поради повреда на скочниот зглоб нема да игра на ЕВРО 2024. Ова го соопшти холандската фудбалска федерација на само шест дена пред првиот натпревар на ЕП што селекцијата го игра против Полска.
Ова е огромен удар за Холандија, која сега мора да биде без Де Јонг, но и Мартен Де Рон и Матс Вифер во можеби најтешката група на ЕП со Франција, Австрија и со Полска. Асот на Барса е третиот одличен холандски играч за врска кој го пропушта Европското првенство поради повреда.
Убедливо најголем хендикеп за Холандија е загубата на Де Јонг. Тој е клучен и незаменлив за Холандија. Колку му значи на тренерот Роналд Куман сведочи и податокот дека беше подготвен да го однесе на ЕП и по цена да ги пропушти првите два натпревари од групата, против Полска и Франција. Поточно, да заземе нечие драгоцено место во тимот, иако на крајот може да одигра само еден натпревар на ЕП. Но, сега Де Јонг дефинитивно отпадна, откако на подготовките сфати дека не може да игра.
Ова тој самиот го објави на социјалните мрежи и порача:
„Бев подготвен да ризикувам за да играм за мојата земја на ЕП, но за жал тоа не е можно. Повредата на зглобот бара подолго опоравување. Исполнување на сонот и најголема чест е да ја претставувам земјата на едно големо натпреварување, да ја пееме нашата химна и да ја почувствувам поддршката од целата земја, но сега, како и цела Холандија, ќе навивам за нашата селекција од трибините.“
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/04/kieza-juventus-3-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Федерико Киеза пред трансфер во Тотенхем
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/07/FB_IMG_1721988025736-80x80.jpg)
Интернационалци
Христијан Георгиевски се пресели во Словенија
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/07/mikel-merino-spanija-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Микел Мерино
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/07/FB_IMG_1721922436581-80x80.jpg)
Прва лига
Шкупи се раздели со Емануел Гронер
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2024/07/FB_IMG_1721988025736-80x80.jpg)