Манчестер Сити на крајот од сезоната би можел да се соочи со крајот на соработката со Пеп Гвардиола. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а според првичните информации, тој нема да биде продолжен.
Гвардиола и оваа сезона сака да ја освои Премиер – лигата со Манчестер Сити, што би му бил 12-ти трофеј во последните 15 сезони како менаџер.
Во сите натпреварувања, Гвардиола го предводеше Манчестер Сити до импресивни 15 титули во изминатите осум години.
Неговиот актуелен договор со тимот од „Итихад“ истекува на крајот од сезоната, а клубот во моментот се соочува со проблеми поради 115 обвиненија поврзани со финансискиот фер-плеј.
Како резултат на сè што се случува, сè почесто се зборува дека ова е последната сезона во која Пеп Гвардиола ќе го предводи Манчестер Сити од клупата.
Од Шпанија пристигнаа нови „свежи“ вести кои велат дека Гвардиола е поблиску од било кога до нов ангажман, се очекува тој да стане нов селектор на Англија.
Раководството на Фудбалската асоцијација на Англија е во потрага по нов селектор, откако Герет Саутгејт ја напушти оваа позиција минатото лето.
Моментно, привремен селектор е Ли Карсли, кој иако остави добар впечаток, нема да добие постојан ангажман. Наместо него, на оваа позиција ќе дојде некој искусен стратег.
Во Манчестер Сити се надеваат дека ќе успеат да го убедат Гвардиола да потпише нов договор, но шпанските медиуми тврдат дека тој веќе ја донел својата одлука.
Наводно, следното лето заедно со Гвардиола ќе си заминат и три ѕвезди, а тоа се Ерлинг Халанд, Родри и Кевин Де Бруин.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski