
Екипата на Шкупи имаше успешен старт на подготовките во Турција, откако на премиерниот контролен натпревар триумфираше над босанскиот прволигаш Челик со резултат 1-0.
Во ситуација кога тимот го напуштија неколку првотимци, пред тренерот Умит Каран е сериозен предизвик да состави силен колектив пред првиот дуел од квалификациите за ЛЕ, на гостински терен против Пјуник на 11 јули. Денешниот меч покажа бројни позитивни работи во играта на клубот од Чаир, кој беше подобар од противникот и заслужено триумфираше благодарение на евро-голот што од триесетина метри го постигна Гудиаби.
Тренерот на Шкупи го почна овој натпревар со следните единаесетмина: Мифтари, Георгиевски, Адили, Илиевски, Исмаили, Дамбо, Бајрами, Исени, Серџо, Гудиаби и Јурина.
Шкупи следниот пријателски натпревар ќе го игра на 2 јули против украински Мариопол, а за два дена подоцна е закажана пресметката со Политехника од Романија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
